Коста Костадинов: Обезбедно е ново абулантно возило за струмичката болница

0
80

Во оваа пандемија, клучот е да бидеме одговорни и во интерес на граѓаните да делуваме со ладни глави. Го разбирам притисокот кај здравствените работници. Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за Струмичката болница.
Дополнително се прват напори и за повеќе, во првото тромесечије од 2021 како донација од Кина ќе пристигнат 60 амбулантни возила за Македонија, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник од струмичкиот регион.

Само со искрен разговор, со силни заложби можеме да ги решаваме сите проблеми, наталожени поради непреземање ништо во минатото но и оние кои произлегуваат од секојдневието. Како политичар секогаш сум давал се од себе за мојата Струмица, тоа и ќе продолжи со сигурност!Ситуацијата во овие моменти е сериозна и повикувам на одговорност. Почитувајте ги протоколите, носете маска, не се групирајте.
Бидете одговорни кон самите себе, кон најблиските!, порача Костадин Костадинов.