Маж најден починат на бензиска станица

0
92

На 08.10.2020 околу 16.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на бензинска пумпа на магистралниот пат Штип-Радовиш, во патничко возило „опел корса“, со струмички регистарски ознаки, бил пронајден починат Р.К.(65).

Увид е извршиен од екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција во Клиничка болница во Штип.