Мицкоски бара бесплатни тестови за наставниците и воспитувачките

0
69

Да се прават бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата, предлага претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој бараше бесплатни тестови и за докторите

„Власта не се потруди да го организира и прилагоди соодветно воспитниот и образовниот систем за тој да функционира во услови на #Covid.

Сѐ почесто добиваме вест дека цела група во градинка или цело одделение мора да оди во изолација поради позитивен тест на Covid-19.

Од таа причина, предлагам бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата. Безбедни градинки и училишта за безбедно образование, каде без застој, во континуитет ќе се одвива воспитниот и образовниот процес на децата, напиша Мицкоски на фејсбук.