Помошта ќе се обезбеди со ребаланс на буџетот

0
104

Со ребалансот на буџетот, кој веќе е во собраниска процедура, се обезбедуваат сериозни средства за реализација на четвртиот пакет нa антикризни мерки за поддршка на економијата и граѓаните погодени од коронакризата, истакна Фаница Николовска од СДСМ прес-конференција.

– Со четвриот пакет мерки, кој претставува континуитет на претходните три, 470 милиони евра ќе се искористат за помош и поддршка на економијата, за спас на работните места и за јакнење на приватната потрошувачка. Со 70 милиони евра ќе се поддржи исплатата на 250.000 плати за последните три месеци од оваа година и ќе се помогнат 83.000 работни места додека 27, 6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани, преку платежни картички по 6.000 денари за купување на домашни производи и услуги, нагласи Николовска.