Пукал во куче, а погодил малолетник

0
105

Малолетник повреден со огнено оружје бил однесен на Клиника, информира МВР.

– Во СВР Скопје било пријавено дека во село Копаница, скопско, 16-годишник од село Бојане, скопско, бил повреден со огнено оружје. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а во врска со настанот од слобода бил лишен 16-годишник од село Копаница, скопско, за кој било пријавено дека пукал во куче, но го погодил малолетникот. Пиштолот бил пронајден и се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пукањето – соопшти полицијата.