Тешка сообраќајка: Младо момче се бори за живот, двајца повредени

0
88

Дваесетиедногодишниот А.Ш од село Октиси струшко синоќа бил тешко повреден во сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта. Тој управувал со моторцикл кога се судрил со патничко моторно возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(26) од селото Октиси.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата “Св.Еразмо“- Охрид, а сопатникот – малолетник од Октиси се здобил со телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга, стои во соопштението