Финците успешно истренираа кучиња,кои откриваат болни од корона

0
78

Три кучиња, Коси, Е.Т и Мина, душкале 2.200 патници откако бил поставен пробен штанд во ходникот за патниците кои пристигнале на аеродромот Хелсинки-Вантаа кон крајот на септември и го откриле вирусот со грешка 0,6 проценти.

Иако експериментот треба да продолжи до декември, тимот наведува дека првите резултати се главно во согласност со тестовите за ПЦР, кои исто така се спроведуваат меѓу волонтери меѓу патниците по пристигнувањето.

„На аеродромот спроведовме меѓу 16,000 и 17,000 PCR тестови и помалку од еден процент е позитивен“, рече на прес-конференција во средата Тимо Аронкити, заменик-градоначалник на Ванта.

Резултатите откриени од кучињата се скоро идентични со резултатите од ПЦР тестовите, додаде тој.

Експериментите спроведени во првиот бран покажале дека кучињата можат да детектираат ковид-19 со скоро 100 процентна точност и до пет дена пред тестирањето со ПЦР.

Сто патници дневно стојат во редот за овој бесплатен тест, за кој е потребно со марамче да ја избрише кожата, а потоа да му го даде на кучето да го душка. Ако примерокот е негативен, кучето не застанува до тоа марамче.

Четвртото куче, германскиот овчар Вало, исто така е на обука.

Научниците од Универзитетот во Хелсинки, кои го дизајнирале експериментот во соработка со експерти за кучиња пребарувачи, се надеваат дека нивното истражување ќе ја охрабри владата да го финансира методот и да го воведе во туристичките места и на јавни собири.

Канал 5