Шилегов: Универзална сала нема да се руши, ќе се реконструира

0
70

Универзална сала нема да се руши, туку таа ќе се реконструира, а нова концертна сала ќе се гради на друга локација. Ова го изјави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на седницата на Советот на која советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи.

„Постојниот објект ќе се реконструира, во сегашниот облик и големина, а средствата треба да се добијат од претстојниот ребаланс на Буџетот на Северна Македонија, коj се очекува да биде изгласан деновиве. Имајќи предвид дека стручната фела се изјасни дека на локацијата на Универзалната сала не е возможно да се изгради објект со поголеми димензии, мојата желба беше да се реконструира Универзална во постојниот габарит, а да изградиме нова концертна сала на друга локација“, рече Шилегов.