Русија: Маж држи шест деца како заложници (ВИДЕО)

Во Санкт Петербург, вториот град по големина во Русија, маж држи шест деца како заложници во една зграда, пишуваат руските медиуми.

„Човек се заклучил во станот, земал шест деца, и им се заканува“, пренесува „Итар Тас“ потпирајќи се на изјави на полицијата.

Човекот наводно бил во алкохолизирана состојба. Изворот тврди дека држењето на децата е поради несогласувања со неговата сопруга. Исто така навел дека вооружениот имал секира.

Полицијата е на лице место, повикан е психилог да разговара со него.