Филипче: Ќе предложиме кафеаните да работат до 21 часот

0
87

Оваа мерка Kомисијата за заразни болести ја усвоила на состанокот утрово по рекордните бројки на заразени претходните денови.

Предлогот веќе утре ќе се најде на владина седница и се очекува да биде прифатен, потврди за Kанал 5 министерот за здравство Венко Филипче. Со мерките кои стапија на сила пред две недели, угостителските објекти сега работат до 23 часот.