ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА НА ПОВИДОК: БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ОСТАНАА БЕЗ ВОДА, ДРАСТИЧНО НАМАЛЕН ВОДОСТОЈОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

0
144

Исклучително неповолните хидролошки услови, со долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи за овој период од годините резултираа со драматично спуштање на водостојот на Охридското Езеро.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на езерото денеска е на котата 693,12 метри надморска височина, или само два сантиметри над природниот минимум.

Во моментов нивото на Охридското Езеро е 14 сантиметри под просекот за месец ноември, кој изнесува 693,26 метри надморска височина..

Слабиот доток на вода од каптажите резултираа и со целосен прекин на дотур на вода во Билјанините извори, така што од испустот кај Студенчишта воопшто нема вода.

Не е прв пат да испустите да останат без вода, што кај неупатените се толкува дека изворите пресушиле. Станува збор за природна појава при слаб дотур на вода поради намалени атмосферски врнежи. Над самите извори постои каптажа во која се собира изворската вода од Билјанините извори, од која прво дел се снабдува градскиот водоводен систем, дел се издвојува за дотур на чиста вода за потребите на Хидробиолошкиот завод, додека само преостанатиот дел се појавува низ испустите кај самите извори.

Спека загрижува фактот што независно што Охридското Езеро е прогласено за природна реткост со светско значење признаена од УНЕСКО, а се уште со водите од езерото се стопанисува како со акумулација за производство на електрична енергија.