Искршено амбулантно возило во Вевчани

0
86

Директорот на установата Јован Стојковски оцени дека материјалната штета е мала, но оти чинот е срамен.

– Материјалната штета е мала, но чинот е срамен. Во ек на пандемија кога секојдневно се справуваме со предизвиците и им се помага на пациентите, возилото на Здравствениот дом е каменувано. Претпоствувам дека е некој помлад во пијана состојба, случајот е пријавен во полиција и се надевам ќе го откријат сторителот, изјави Стојковски.

Случајот го потврдија и од СВР Охрид, од каде посочуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

– Во полициското одделение Велешта вчера 16:30 часот, пријавено е оштетување на моторно возило на Итната медицинска помош, марка „Лада”, сопственост на Здравствениот дом од Вевчани. Според пријавата, засега непознат сторител скршил три бочни и предно ветробранско стакло од медицинското возило, кое било на паркинг простор пред Здравствениот дом, соопшти СВР Охрид.