Тетово го достигнува пикот на позитивни случаи

0
130

Засега дел од интерното оделение при Клиничката болница Тетово, е пренаменето во КОВИД центар.Од Кризниот штаб на Општина Тетово, велат дека се подготвени да не се случи најцрното сценарио, бројот на хоспитализиразни да го надмине капацитетот на Клиничката болница Тетово.

Оттаму сметаат дека барем засега не треба да се воведуваат порестриктивни мерки, но граѓаите максимално да ги почитуваат здравствените протоколи.

Но и покрај лошата состојба со заразата, кога вчера се евидентираа близу 100 позитивни случаи на КОВИД 19 на граѓаните народски кажано не им доаѓа памет. За само неколку дена полицијата на тетовското подрачје казнила над 650 лица, кои на себе и во затворен и на отворен простор не носеле никаква заштитна опрема.