In Memoriam: На 84 годишна возраст почина Љубисав Иванов – Ѕинго

0
73

Под негово водство, Фудбалскиот сојуз на Македонија стана полноправен член на најважните фудбалски организации, ФИФА и УЕФА. Како претседател на ФСМ ја предводеше македонската делегација и нашиот национален состав на првиот официјален натпревар на А репрезентацијата на Македонија во Крањ, прптов селекцијата на Словенија во 1993 година.

Менаџментот и сите вработени во Канал 5 Телевизија изразуваат сочувство до семејството Иванови.

Љубисав Иванов Ѕинго е роден 1936 година во с. Трновац, Кратово. Завршил Рударско-геолошки факултет.40 години Љубисав Иванов бил генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат “СИЛЕКС” и член и претседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ).

Иванов беше долгогодишен пратеник прво во Сојузното собрание во поранешна СФРЈ, а од осамостојувањето на Република Македонија и пратеник во Собранието на Република Македонија.

„Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија, напиша Муамед Сејдини претседател на Фудбалска федерација на Македонија“.