Кина е втора земја од светот што ставила знаме на Месечината

0
166

Кина е втора држава од светот која своето знаме го развеа на Месечината, а тоа го направи по САД.

Државата која е најбројна во светот, успеа до сега своите три вселенски летала да ги прати на Месечината. Последен пат тоа се случи на 1 декември годинава.

Со роботизираното с=вселенско летало пред нејзиното враќање на Замјата фотографирано е и кинеското знаме поставено на месечината. Целта беше да се соберат четири килограми месечеви карпи.

Кинезите очекуваат леталото на Земјата да слета кон средината на месецов, а освен што собра камења, со леталото фотографирана е и површината на Месечината.

Оваа земја има големи амбицииво вселенските истражувања, па така во 2022 година планира да им постојана вселенска станица. Во меѓувреме јакне соработката со Европската вселенска агенција.

Односите со НАСА се ограничени поради американската загриженост дека кинеската вселенска програма е позврзана со нивниот воен развој. Сепак, научниот директор на НАСА Томас Зурбушен на Твотер ѝ честиташе на Кина за слетувањето на Месечината, пренесе Си-би-ес.