БУГАРИЈА СО ВЕТОТО ЗА МАКЕДОНИЈА ГО БЛОКИРА ПОЧНУВАЊЕТО НА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ЗА АЛБАНИЈА

0
92

Европската унија го тргна прашањето за проширување од дневниот ред во пресрет на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи и лидерскиот самит закажан за крајот на неделава.

Дипломатски извори во ЕУ за МИА брифираа дека немаат веќе надеж оти Бугарија ќе ја тргне блокадата врз Северна Македонија за почеток на пристапните преговори.

Евроамбасадорот во С Македонија, Дејвид Гир, денеска рече дека тоа што треба сега да се направи е да се усвои преговарачката рамка за земјава и да се најде датум за бобрзо одржување на меѓувладината конференција меѓу земјава и Европската Унија.

– Во март минатата година сите 27 земји членки на ЕУ тогаш одлучија дека Северна Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори со Европската Унија. Тогаш таа одлука беше донесена, а тоа што сега треба да се направи е да се усвои преговарачката рамка за вашата земја и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција меѓу вашата земја и Европската Унија. – вели евроамбасадорот во С. Македонија, Дејвид Гирир.

Буграскиот претседател пак Румен Радев во својата изјава за бугарско- македонскит односи со индиција дека засега Бугарија нема да се откаже од ветото.

– Нашите браќа од Република Северна Македонија треба да станат членови на ЕУ, но тоа мора да биде со искоренување на антибугарската реторика, говорот на омраза и објективното признавање на историската вистина, што мора да стане неповратен процес и тука Бугарија треба категорично да ги брани своите права. – изјави Румен Радев -претседател на Бугарија.

На иста линија со Радев е и европратеникот Адреј Ковачев.

– Потребна е поголема храброст од страна на премиерот Зоран Заев“, а договорот за добрососедство и пријателство мора да се спроведе. Ако во заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија колегите од скопје се плашат да ги прифатат фактите, тогаш ќе треба да се најдат други механизми за спроведување на договорот. – изјави Андреј Ковачев.

Од другатсрана партијата на Красимир Каракачанов, бугарски вице премиер и министер за одбрана. Побара бугарските медиуми да престанат да ги преведуваат изјавите на македонските политичари на бугарски јазик.

– Интервјуата на „луѓето од Северна македонија“ не треба да се преведуваат на бугарски јазик. – порачува Каракачанов во писмото упатено до советот за електронски медиуми.

Преземено од 24 вести