Експлодира прототипот на ракетата на Маск за превоз на луѓе на Месечината и на Марс (ВИДЕО)

0
113

Уништената ракета „ Starship “ беше прототип на тешката ракета висока 52 метри, развиена од приватната вселенска компанија на Илон Маск за транспорт на луѓе и 100 тони товар во идните мисии на Месечината и на Марс.

Ракетата експлодирала кога слетала на подлогата за слетување по контролираното спуштање. Тест летот требало да достигне височина од 12,5 километри, најпрво придвижуван од три развиени Raptor мотори на SpaceX.

Маск веднаш по несреќата објави на Твитер дека „притисокот во резервоарот за гориво е низок за време на спуштањето, па затоа и брзината на контакт беше голема“.

Тој додаде дека SpaceX ги добил „сите податоци што им се потребни“ од тестот.