Здравствен работник и наставник од Тиквешко позитивни на коронавирус – во изолација 38 ученици

0
62

Меѓу новозаболените од коронавирус се и здравствен работник и наставник во подрачно училиште во Кавадарци. Во изолација се 38 ученици. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

– Нови 40 случаи позитивни на Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата. Од нив, 26 од Кавадарци, по шест во Росоман и во Неготино, два случаја во Демир Капија. Најмладиот има 14 години, а најстариот е на 81-годишна возраст, појасни Јовановски.

Со коронавирус починал 67-годишен неготинец, додаде Јовановски.

Се утврдуваат контактите на новозаболените со цел да се изолираат.