СИМЕВСКИ ЗА ТВ 24: НАБАВЕНА Е ЦЕЛАТА ОПРЕМА И СОФТВЕРСКОТО РЕШЕНИЕ ЗА ПОПИСОТ

0
108

Апостол Симевски, директор на Заводот за статистика во емисијата 24 анализа истакна неспорно се доцни со донесувањето на законот и дека пописот се уште има можност да се спроведе. Сите подготовки течат и трошењето на финансиските сретства оди независно од законот.

„Буџетот и трошењето на сретствата не се врзаува со носењето на законот. Набавена е целата опрема, таа е во заводот, софтверското решение е завршено. Она што ни е важно и врзано со законот, е организацијата на теренот. Треба да се формираат реонските пописни комисии кои ќе имаат логистичка улога.“ – вели Симевски.