Симевски: Прашањето за етничка припадност ќе биде дел од пописот

0
102

Прашањето за етничката припадност ќе биде дел од пописот кој треба да се изврши следната година.

-Во законот каде се групирани белезите по нивните карактеристики стои и етнички карактеристики. Дел од пописот е мајчиниот јазик и јазикот на кој се говори во домаќинството и ќе има белег за религиозната припадност, истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски во гостувањето во ТВ 24.

Според него, со пописот ќе бидат опфатени државјани на Македонија кои имаат живеалиште или престојувалиште во државата, без разлика дали се тука или во странство во моментот на пописот, странски државјани кои престојуваат во државата со одобрение за престој и лица без државјанство кои во моментот на спроведување на пописот се затекнати во државата.