Тетовските пожарникари постигнаа договор со градоначалничката

0
103

Договорено е разликите во проценти да се нивелираат согласно Општиот и Колективен договор и да се додаде графа за прекувремена работа. Градоначалничката беше согласна и даде збор дека ќе издејствува во новиот буџет за 2021 за општина Тетово, да се внесат сите предвидени обврски за додатоци за ноќна работа, прекувремена работа и да се исплаќа храна за работа ноќе, изјави Горан Ристевски, претседател на Гранковиот синдикат при Независниот синдикат на државата администрација.

Пожарникарите истакнаа дека ќе чекаат до понеделник да видат дали ќе биде реализирано ветувањето од градоначалничката.

-Во понеделник има седница на Советот за буџетот на општина Тетово. Бргу ќе се дознае дали зборот е збор. Сметам дека понеделник е денот Д и се надевам дека ние ќе бидеме уверени дека работодавачот ќе ги исполни нашите барања. Во понеделник ќе знаеме дали ќе има протести или не, истакна Ристески.

Во однос на досегашните судските постапки треба да има повторна средба.

-Остана да го регулираме овој проблем до 30 декември. Ќе разговораме со членовите на синдикатот за да видиме што понатаму. Координативното тело на синдикалната организација ќе одлучи дали ќе продолжиме со протестите кои се во мирување, рече Ристевски.

Пожарникарите одржаа протести во петокот и понеделникот во кругот на тетовската Територијална противпожарна единица, поради неисполнетиот договор од страна на општината во јуни 2019 година