Фаучи: Ако сите се вакцинираат, на лето или есен би можеле да се вратиме во нормала

0
87

Соединетите Држави би можеле да се вратат во нормала до следното лето или раната есен, ако сите примат вакцина против ковид-19, изјави вчера главниот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи.

„Сè зависи од тоа колку брзо ќе се одвива вакцинацијата и колку луѓето ќе сакаат да се вакцинираат. Ако сè помине во најдобар ред, би можеле релативно брзо, во текот на летото или секако на есен, да се вратиме во некој вид на нормалност“, изјави Фаучи за Си-ен-ен