Ќерката на градоначалникот на Лозово доби шпорет во наградната игра на Општината

0
102

Во наградна игра по повод роденденот на Општината Лозово, главната награда – шпорет, го доби ќерката на градоначалникот, како што вели водителката – „без лажи и преваре“.

Како семејство, тие се одлучиле шпоретот да биде дониран.

приказна која „ви го топли срцето“, се зокружува со потсетувањето дека градоначалник на Општина Лозово Ацо Велковски, кој избрка од работа бремена вработена со 14 години стаж во фирмата, случај кој и денеска и носи секојдневно малтретирање и мобинг на Виолета Спасова Колева.

Колева веројатно го држи рекордот во добиени дисциплински постапки од страна на актуелното раководство, зошто во три години откако тој е прв човек на општината таа дури 6 пати морала да се појави на сослушување пред дисциплинската комисија за на крајот, општината да ја избрка од работа и тоа во време кога била бремена со нејзиното второ дете.

Кога пред нешто повеќе од 1 година нејзиниот случај го привлече вниманието на медиумите и два дена откако застана пред камерата на „Сител“, Штипска апелација донесе пресуда со која му наложи на градоначалникот Велковски да ја врати на работа одбивајќи ги сите дисциплински постапки кои општината ги водеше против неа. Но назад на работното место Виолета не ја чекаше ништо ново, па само 3 месеци по враќањето, општината и се заканува со нова дициплинска постапка за настан кој наводно се случил пред повеќе од 19 месеци, односно пред судот да одлучи да ја врати на работа.

Виолета сега обвинува дека мобингот врз неа добива нови димензии, па раководството на општината против неа отвора постапки и пред судовите за настани за кои таа тврди дека никогаш не се случиле.

Покрај овој и сличните случаи на мобинг од страна на Велковски, тој во јавноста ќе остене запаметен и како човекот кој сакаше да собере дневно-политички поени од маката на Атиџе Муратовска. Кога „Медена земја“ го одеше патот кон „Оскарите“, тој вети вработување и нов кров за куќата на Атиџе, па дури и снимање на две песни во професионално музичко студио