Државните институции ги отворија вратите за админстративците по Рамковен

0
45

Над илјада и триста службеници кои фигурираа како вработени во Секретарјатот за спроведување на Рамковниот договор а сега Министерство за политички системи и односи меѓу заедниците ќе бидат трансферирани во државни институции и по речиси десет години ќе почнат да одат на работа и да си ја заработуваат платата.

Владата го усвои планот а денеска вицепремиерот Артан Груби соопшти неколку детали околу институциите во кои ќе бидат пресрапределени овие службеници. Сепак списокот на службениците, нивната стручна спрема и институцијата и позицијата на која ќе бидат префрлени не е објавен. Официјално бидејќи содржи лични податоци како матичен број а државните органи засега не направиле верзија на листата без заштитените податоци која би била достапна до јавноста.