Капелата во Тетово со погрешен ладилник каде нема ниту пристап ниту место за чување на покојникот

Капелата при православните гробишта во Тетово изградена пред две години никако да се пушти во употреба. Од Општина Тетово, велат дека е набавена погрешна комора. Очекуваат новиот ладилник да биде донесен наскоро и наредниот месец комората ќе се стави во функција.

Граѓаните револтирани. Велат дека Тетово е единствен град без капела која сите очекувавме да биде готова кога е најпотребна во време на пандемија, но од локалните власти повторно разочарување

Капелата при православните гробишта во Тетово започна да се гради пред 5 години. Објектот беше целосно изграден пред две години, но тој се уште е нефункционален.