Кој нема да се попише, пет години затвор, вели Симовски

0
51

Апостол Симовски, директор на ДЗС се закани кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е казна од 5 години затвор.

„Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон ќе биде санкциониран. Ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава , ние не сме казнена институција меѓутоа ќе поднесеме до обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство“, нагласи Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика во емисијата „Вин вин“.

Тој потенцираше дека ако не се излезе во пресрет за време на пописот тука веќе се сноси и кривична одговорност, а казните во законот предвидуваат 5 години затвор.

„Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава“, потенцираше Апостол Симовски,