Опасен рекорд – На Тетово – Гостивар возел со брзина од 290 километри на час и снимал

0
104

На социјалната мрежа “ТикТок”, биле објавени снимки на кои еден млад возач се фали како на автопат вози со брзина од 290 километри на час.

Објавени биле неколку снимки на кои јасно се гледа како возачот вози со брзина поголема од 200 километри на час, и покрај тоа што максималната дозволена брзина е 100 км/ч, пишува порталот “ПлусИнфо”.

Брзината со која се фалел, возачот ја постигнал на автопатот Тетово-Гостивар.

Може да се види и дека во автомобилот има неколку луѓе кои се забавуваат со музика.

https://twitter.com/i/status/1352605155229904897