Булевар Индустриска како див запад, за само неколку часа 18 мерки за пречекорена брзина на оваа делница

0
88

По протестите и блокадите кои се организираа неделава поради необезбедениот булевар Индустриска каде група граѓани побараа поголема контрола од полицијата како и обезбедување на оваа делнциа со повеќе собраќајна сигнализација како и надвозници денеска полицијата се пофали со силни акциски контроли на оваа делница.

Денеска радарот повторно оперираше на Улица Видео Смилевски Бато во Тетово. За само неколку часа изречени вкупно 18 мерки за пречекорена брзина над 30 километри, и имало и такви кои возеле над 50 километри на час, велат од СВР Тетово

Од тетовската полиција најавија дека ваквите контролни активности ќе продолжат и во наредниот период.

На Индустриска се вози брзо. Делницата се користи за транзитен сообраќај, а покрај неа има станбени објекти, но и  градинка и училиште.

Од СВР Тетово, велат дека  Во текот на минатата, 2020 година, на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово регистрирани се, односно се случиле вкупно 50 сообраќајни несреќи, од кои 30 со повредени лица и 20 само со причинета материјална штета. Најчести причини според полицијата за минатогподишните „сообраќајки“ на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ се: неприлагодена брзина според условите на патот, недавање предност на пешаци и неправилно преминување на улицата, односно непочитување на светлосната сигнализација, поточно на постоечките два семафори, поставени на крстосниците, од кои едниот пешачки семафор.