„ВАКЦИНАЛНИОТ „ПАСОШ“ КАКО „ВИЗА“ ЗА ПАТУВАЊЕ?

0
58

Итна средба со министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести бараат од Стопанската комора за туризам на Македонија. Одлуката која што ја донесоа попладнево е туристичките работници да имаат приоритет при вакцинирањето за да можат да влезат во Грција и да започнат преговори со бизнис партнерите за летната сезона.

Ваквата реакција на УО на Комората доаѓа веднаш по најавата на грчкиот министер за туризам Харис Теохарис дека тие што се вакцинирани ќе може да патуваат со Ковид пасоши, а за другите ќе се прошират мерките за контрола на границата. Тоа ќе зависи и од текот на вакцинацијата и од епидемиолошката состојба во земјата.

Македонските власти се уште не контактирале со грчката страна бидејќи како што велат ова е само најава, не и конечна одлука.

Сепак,засилените мерки ќе се одрази на протокот услуги и на бизнис врските. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера за ТВ 24 изјави дека опоравувањето на економијата ќе зависи од брзината на вакцинацијата во земјава. И тој се надева на приоритет во вакцинирање на луѓето од бизнис секторот.

Грчката граница е затворена за сите и влез не дозволен без дозвола за престој, а деновите за изолација се зголемни од три на седум. Влез е дозволен само за тие што имаат имот во оваа земја, но и за тоа е потребна посебна дозвола од МНР.

Грција веќе обезбеди скоро 27 милиони вакцини, повеќе од што има број на жители. Кај нас е планирано да се вакцинираат 1. 200 000 граѓани, но сукцесивно во текот на целата година, што отвора можност за изолација на државата и македонските граѓани цела година. Особено што приоритет во вакцинирање имаат здравствените работници и ризичните категории, но не и здравата и деловно способна популација, која и најчесто патува заради деловни и бизнис врски.

Преземено од 24 вести