Власта го отфрли барањето на албанската опозиција за државна пописна

0
81

Владата ја поздрави поддршката на албанската опозиција за пописот, но категорично се спротивставува на предлогот за формирање на Државна пописна комисија. Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми вели дека таквата комисија за попис која ја формираа политички претставници пред 10 години, пропадна и не си ја заврши работата.

 

Албанската опозиција, односно Алијансата и Алтератива вчера соопшти дека и покрај тоа што владата не ги прифаќа нивните измени и дополнувања на Законот за попис, тие ќе го поддржат законот. Но, оттаму проценуваат дека за пописот да биде прифатлив за сите, најдобро е да го спроведе државна комисија составена од претставници на политичките партии. Предлог-законот за попис е во собраниска процедура, но сè уште не е познато точно кога ќе биде ставен на гласање.