Германски овчар нападнал и каснал три деца во Аеродром

0
77

Германски овчар денеска попладне нападнал и каснал три деца во скопската општина Аеродром, објави СДК.

Кучето е заловено од тимовите на ЈП „Лајка“, од каде потврдуваат дека станува збор за домашен миленик.

Две од нападнати деца биле со дедото кога ги нападнало кучето и со такси возило биле однесени во болница.

Директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска вели дека тимовите реагирале откако добиле повик од граѓани очевидци.

Таа вели дека станува збор за напуштен миленик и дека се работи на пронаоѓање на сопствениците на кучето.