Затворени угостителски објекти: ДПИ во контрола низ Охрид, Кичево, Дебар и Струга

0
60

„Околу 22 часот, пред угостителскиот објект бил приведен, Д.Д.(38) од Охрид бидејќи го нарушил јавниот ред и мир. Од Државниот пазарен инспекторат се преземени мерки за затворање на угостителскиот објект, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава“,информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Во пет објекти забележано е дека не се почитуваат одредбите за задолжително растојание помеѓу масите во угостителските објекти и присуство над четири лица на одредени маси.

– Во еден угостителски објект, лицата А.В.(21) А.В.(25) и Г.В.(25) од струшкото село Велешта како и Т.С.(28) од селото Долно Татеши, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие се повикани во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив како и против одговорните во угостителските објекти, ОВР-Струга ќе поднесе соодветни пријави“, истакна Димоски.