Идентификувани лицата поврзани со палењето на бугарското знаме

0
75

Четири лица досега се повикани во полиција, поради случувањата во Вевчани и вевчанскиот карневал. Тројца од нив биле идентификувани како учесници во палењето на знамето на Бугарија. Против нив МВР ќе поднесе кривични пријави.

Три лица се идентификувани и повикани на информативен разговор, а кои се поврзани со палењето на знамето на Република Бугарија. Во координација со Јавен обвинител, ќе им биде поднесена кривична пријава по член 181, за повреда на угледот на странска држава.Таквата кривична пријава повлекува парична казна или казна затвор до три години.Во моментот се работи на документирање на случајот со цел поднесување на пријавата“, велат од МВР