И горилата се заразија со корона

0
62

Корона вирусот досега често беше потврден кај домашни миленичиња и кај мачиња и кај кучиња, а и кај некои други животни, но веќе има случај на заразени горили. Зоолошката градина во Сан Диего во Калифорнија соопшти дека прв пат во САД има потврдени случаи на заболени големи мајмуни. Дел од инфицираните горили имаат и симптоми и кашлица.
Се претпоставува дека осумте горили се заразени со Ковид-19 од асимптоматски членови на персоналот, и покрај почитувањето на строгите протоколи за биолошка безбедност согласно насоките на американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Зоолошката градина тестирала примероци од фекалии на горилите, откако минатата среда две од животните почнале на кашлаат, се наведува во соопштението.