Луѓето кои прележаа COVID-19 се заштитени 5 месеци од повторно заразување, но може да заразуваат други

0
143

Ова се прелиминарните резултати од студијата спроведена од научници од јавното здравство на Англија, во која се наведува дека истражувањето покажало дека луѓето кои имаат антитела од претходна инфекција со коронавирус, ретко се заразуваат повторно и биле откриени само шест такви случаи меѓу 6.614 лица кои веќе еднаш биле заразени.

Сепак, експертите предупредуваат дека оние кои се заразиле со коронавирус во првиот бран на пандемијата во раните месеци на 2020 година, сепак може да бидат подложни на нова инфекција, бидејќи антителата не траат вечно

Сега знаеме дека повеќето луѓе кои имале коронавирус се заштитени од повторна инфекција, но треба да се нагласи дека оваа студија не е завршена бидејќи сè уште не знаеме колку трае таа заштита. Ова значи дека ако се сомневате дека сте биле заразени, тогаш веројатно нема да повторно да се развијат сериозни симптоми на инфекција. Сепак, сè уште постои ризик од пренесување на инфекцијата на други“, рече Сузан Хопкинс, водечката авторка на студијата.