Мајка и син се пронајдени мртви во нивниот дом во Бутел

0
89

Мајка и син се пронајдени мртви во нивниот дом во Бутел.

Тие биле на возраст од 91, односно 57 години и се пронајдени починати во домот на улица „Призренска“ во Скопје. Мртвите тела се најдени нешто после 20 часот.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од брзата помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.