Нивото на Преспанското Езеро порасна за 14 сантиметри

0
69

Од почетокот на 2021 година, Преспанско Езеро се зголемило за 14 сантиметри и сега е на ниво 842.36. Веста за зголемување на нивото на езерото, на Фејсбук ја сподели градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски.

– Секторот за животна средина на Општина Ресен, по извршените мерења ме информира дека од почеток на оваа година нивото на Преспанско Езеро се зголеми за 14 см, односно, сегашното ниво е 842.36. Тоа е добра вест, во година кога треба и институционално да започнат голем број активности за спас на нашето езеро, информира Гошаревски.