Португалија најавува дека во ЕУ ќе се занимава и со македонско-бугарскиот проблем

0
100

Иако не е познато кога ќе продолжат преговорите меѓу Скопје и Софија, односно дали тие ќе останат суспендирани до епилогот на изборите во Бугарија во март, Португалија, земјата што актуелно претседава со ЕУ, најавува дека ќе помага двете страни да најдат заеднички јазик за надминување на разликите.

„Сега имаме нова ситуација, прашањата покренати од Бугарија. Мојата цел е да разговарам интензивно со владите на Северна Македонија и Бугарија. Многу е важно внимателно да ги слушнете аргументите на другата страна. Кога тоа ќе се направи лесно може да се разбере дека постои основа врз која треба да се работи.“

На средбата со новинари, португалскиот шеф на дипломатијата Сантос Силва истакна дека почетокот на преговорите за членство со Скопје и Тирана е меѓу приоритетите на португалското претседателство и оти тој ќе се обиде да ги организира првите меѓувладини конференции со нив во текот на првите шест месеци од година. „Унијата побара многу од Северна Македонија затоа што направи многу реформи, па дури и го смени името. Тие ја завршија својата задача. Време е да ја завршиме нашата задача,“, изјавил тој.

Во меѓувреме, вицепремиерот Димитров во Скопје истакна дека и покрај фактот дека Португалија не ни е географски блиска, Унијата не може да си дозволи преговорите за членство да не започнат ни оваа година.

Проширувањето на ЕУ не е во списокот со 6 приоритети на Унијата за оваа година. Во заедничката декларација на Европскиот Парламент, Советот и Европската комисија акцент им се става не на односите со Западен Балкан, туку на трансатлантските врски