Започна истрага -Четири лица од „Еуростандард банка“ осомничени за стечајот и за перење пари

0
40

Јавното обвинителство отпочна истрага за 4 одговорни лица во Еуростандард банка. Тие се осомничени  дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка. Од обвинителството појаснуваат дека осомничените  во периодот од 2018 до 2019 година ги повредиле одредбите од Законот за банки и Методологијата за адекватност на капиталот.

-Како резултат на несоодветното работење на осомничените, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и со своите одлуки не постапиле по изречените мерки на Гувернерот на НБРСМ, при што придонеле за дополнително влошување на профилот на ризик на банката. Сето ова придонело банката по сила на закон да биде во услови на стечај, што подразбира дека депозитите не може да бидат вратени во пари на доверителите, штедачите и депонентите на банката, со што банката била доведена во состојба на несолвентност.

​ Основното јавно обвинителство  ќе ги преземе сите неопходни и дејствија за целосно расчистување на случајот и навремено ќе информира за детали кои нема да ја нарушат истражната постапка, наведуваат од Јавното обвинителство