МВР и Пошта ќе соработуваат за побрза и поефикасна дистрибуција на лични документи

0
44

Интензивирање на соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и АД „Пошти на Северна Македонија“ е една од темите за кои се разговараше на денешната средба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски со генералниот директор Јани Макрадули.

Министерството за внатрешни работи најавува дека обете страни ја истакнале потребата од формирање работна група што ќе ги земе предвид сите можни пречки за дистрибуција на лични документи на граѓаните дома, како и можните предизвици и насоки за реанимација на е-трговијата.

„Министерот Спасовски ја истакна поддршката од Министерството за внатрешни работи, како и досега, со единствена цел граѓаните да добиваат лични документи побрзо и поефикасно дома“,