Основец од Штип победил на натпревар за средношколци, МОН не му ја дава наградата

0
64

На штипјанецот Дамјан Давков, ученик во VIII одделение во ОУ „Ванчо Прќе“, по втор пат во рок од два месеци му е одбиено барањето од страна на МОН за парична награда за освоенот прво место на државниот натпревар. Уште од четврто одделение Дамјан се натпреварува во конкуренција на постари ученици. Како шестоодделенец, беше државен првак по математика за девето одделение и немаше проблем да му се додели еднократна парична наградата во износ не поголем од 50% од просечната нето плата. Но, сега комисијата при МОН го одбива, зашто како седмооделенец стана државен првак по математика за I година средно образование и како основец не го следувала.

– Родителите и предметниот наставник не сакаа да зборуваат пред камера, но велат дека не се работи за молба, туку за право, вградено во законските акти на МОН. Средствата не се помош, туку поттик и признание за Дамјан и учениците како него кои остваруваат врвни резултати.

По бурните реакции на социјалните мрежи, дека пари во буџетот има за се и сешто, но не и за талентираните ученици, од МОН преку соопштение информираа дека согласно правилниците за организирање на натпревари Дамјан немал право да учествува како основец во натпреварување за средношколци. Меѓутоа, дошле до сознание дека се работи за талентиран ученик, кој заедно со својот ментор –наставник вложиле многу труд. Како соломонско решение, во соработка со штипската локална самоуправа,

Дамјан ќе биде поддржан со еднократна парична награда од 15 илјади денари и признание за почесен граѓанин на општината.

 

Преземено од Сител