Премиерот Зоран Заев се предомисли. Тој е подготвен да се откаже од етничката припадност на личните карти во име на членството во Европската унија

0
77

Премиерот Зоран Заев е подготвен да се откаже од етничката припадност на личните карти во име на членството во Европската унија. Иако пред неколку дена тој категорично рече дека зборот е даден за  и дека ќе биде исполнет, денес Заев има поинаков став. Според него,  директивите на ЕУ забрануваат такво нешто, и земјата мора да го почитува. Заев не кажува директно дали предлог законот за лични карти ќе биде повлечен од собраниска процедура.

„… Ако ЕУ има конкретни директиви за ова прашање, ние немаме друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ“, рече Зоран Заев

Но, Движењето Беса не се согласува. Според нив, процесот на евроинтеграција е долг и законот мора да биде одобрен. Доколку е потребно, по членството во ЕУ може да се укине.

„Во моментов не гледаме на ова како пречка во процесот на интеграција. Зборуваме за регулатива што се однесува на членките на ЕУ. Подготвени сме штом влеземе во процес на членство или близу до членството, ќе разговараме за да го отстраниме ако тоа би било пречка за интеграцијата “, потврди Кастриот Реџепи, пратеник на Движењето Беса.