Села: Алијансата и Алтернативата можат да ги освојат сите општини во Полог

0
57

Лидерот на Алијансата Зиадин Села очекува заедно со коалицискиот партнер, Алтернатива на локалните избори што ќе се одржат во октомври оваа година, да ги освојат сите 9 општини во Полог.
„Нашите очекувања се дека во 6 часот, во полошката област, тешко дека ДУИ ќе преземе која било општина. Во моментов во Полог тие имаат имаат две општини Теарце и Тетово .Ние имаме три во Гостивар, Боговиње и Врапчиште, додека во Брвеница имаме повеќе советници. Затоа велам дека ДУИ ризикува да остане без ниту една општина. Веруваме дека овие избори ќе бидат изненадување бидејќи ДУИ навистина е во криза, рече Села