Царовска: Бојкотот на наставата ќе се одработува

0
66

Додека дел од матурантите ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука (МОН) посочува дека постапката за органзиирање на матурата тече и дека во законски предвидениот рок повеќе од 14.000 матуранти пријавиле полагање државна матура.

Министерката Мила Царовска, денеска најави дека училиштата ќе треба да најдат начин за да се надоместат изгубените часови поради бојкотот на средношколците. 

Секое училиште си има начин да си ги надомести изгубените часови. Како и секогаш, кога немаат можност да спроведат часови, ќе се реорганизираат и ќе си ги спроведат“, одговори Царовска, пренесе Мета.мк.