Вакцинацијата во земјава ќе почне побрзо од најавеното со првична доза од 200 000 кинески вакцини

0
56

Првата количина вакцини против Ковид-19 кои ќе пристигнат во земјава во февруари ќе бидат кинеските вакцини. За многу кратко време ќе го знаеме и датумот, а ќе пристигнат 200.000 вакцини со што ќе почне вакцинирањето на сите приоритетни групи.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сите вакцини кои се на пазарот се безбедни, сите се развиени на безбедни платформи и многу тешко се стигнува до нив.

– И овие преговори кои ги водиме сега со „Фајзер“, и тие кои ги завршуваме со кинеската компанија се навистина тешки и бараат многу детали, додаде Филипче.