Вистински хаос, се фрлале и маси и столици при затворање на угостителски објекти кои го пречекориле работното време

0
59

Во повеќе градови синоќа инспекторите на Пазарниот инспекторат затвориле повеќе угостителски локали заради прекорачување на работното време, како и поради не придржување на протоколите за превенција од Ковид-19.

Директорот Стојко Пауновски, утринава за Фактор потврди дека најтешко поминале во Скопје во обид да ги затворат оние кои не ги почитувале мерките. Во Скопје беше најнапнато. Во ексклузивниот локал Трибека инспекторите беа сведоци и на физичка пресметка. Таму било вистински хаос. Се фрлале и маси и столици. Изречени се казни за прекорачување на работното време. Не ми е јасно како народов не разбира дека работното време е до 21 часот. Инспекторите ми се јавија неколку пати, „што да правиме“, прашуваа. Јас бев дециден им реков, празнете, затворајте. Што да кажам, тоа се случува постојано. И во Волково, во куќа-ресторан едвај успеале да ги затворат. Оставаме последна фискална сметка некогаш да издадат и во 21.10, но сведоци сме на издадени сметки и во 21.25. Што е многу, многу е. Записникот од Волково на пример е направен дури во 4.15 утринава, катастрофа, цела ноќ се расправаме – вели Пауновски за Фактор.

Директорот додава дека слична ситуација имале синоќа и во Прилеп, а во штипскиот регион пак, во кафеаните биле изречени казни за пушење. Во Прилеп се шири новиот сој, секој ден имаат голема бројка на новозаразени, и ќе продолжи таков тренд се додека се расправаме за вакви работи, ништо не се почитува – посочува директорот Пауновски.