Во пожар во тетовското село Жилче загина 80 годишна жена

0
75
Само ѕидовите останаа од собата во која загина 80 годишна жителката на тетовско Жилче. Оганот го забележал нејзиниот син откако дошол од работа, но било предоцна. Тетовските пожарникари со интервенцијата спречиле пожарот да не се прошири на соседните објекти

 

Пламените јазици ја проголтале цела просторија која ја користеле само за спиење, а преку ден живеела со нејзиниот син и снаа во соседниот објект. Најверојатно причина за пожарот е малата печка која ја користела жената. По избувнувањето не можела да се спаси затоа што биле и тешко подвижна

Од Тетовската противпожарна единица, сметаат дека треба да има и пунктови во руралните средини за да има побрза интервенција

Тетовската полиција има извршено увид и работи на целосно расветлување на случајот.