Движење БЕСА: Случајот „Монструм“ е монтиран

0
68

Владејачката партија Движењето БЕСА реагираше на пресудата за случајот „Монструм“.

Тие оценуваат дека постојат индиции дека предметниот случај е наместен и ова ја докажува непосредната потреба дека треба да се реформира правосудниот систем.

„За жал, судството го изгуби кредибилитетот до тој степен што сè што е донесено како одлука е главниот генератор на незадоволство. Разбирањето на чувствителноста на предметниот случај и публицитетот во текот на овие години, како и сите индикации дека имаме работа со монтиран случај ја докажува непосредната потреба за судски реформи и изградба на кредибилен систем. Се надеваме дека највисоките судски инстанци ќе донесат поправедни одлуки и
дека на невини луѓе нема да им биде дозволено да страдаат во затвор, додека вистинските криминалци ќе одат слободно “, се вели во реакцијата на Движењето БЕСА.