Министерката за култура, Стефоска, со ново ветување: Албанскиот театар ќе се отвори на пролет

0
86

Дали Албанскиот театар ќе започне со работа оваа пролет или и тоа ќе биде уште еден рок што ќе пропадне? Институциите повторно ветуваат дека неговото отворање ќе се случи наскоро. Одговарајќи зошто Албанскиот театар сè уште не започнал со работа, министерката за култура, Ирена Стефоска рече дека единствената причина е пандемијата.

Реконструкцијата на Албанскиот театар започна на 12 јануари 2014 година. Беше најавено дека ќе заврши во есента следната година. Но, скоро седум години подоцна, објектот сè уште не е официјално пуштен во употреба. Потрошени се повеќе од 10 милиони евра. Првата компанија што го обновуваше, Ламоне Мореда банкротираше. Продолжи фирмата Шенција, компанија чија сопственост во Италија не може да се утврди. Пролетта лани покривот почна да капе. Роковите за отворање на објектот постојано се кршеа. За реконструкцијата на зградата има и процес од страна на истражните органи,а со случајот се занимаваше и поранешното СЈО.