Приведени мигранти во кумановско, едниот имал и пиштол

0
61

Шест мигранти од Пакистан вчера биле приведени во куманвско Ваксинце, а кај едниот од нив полицијата пронашла и пиштол.

– На 03.02.2021 година во 18.30 часот во село Ваксинце по претходно добиени оперативни сознанија од страна на Одделот за криминалистичка полиција Куманово биле приведени 6 мигранти од Пакистан, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, по извршената контрола  кај лицето М.Р.(33) од Пакистан бил пронајден еден пиштол со неколку куршуми.

Сите лица се приведени за понатамошна постапка.